Фотонапонски централи (фарми)

Фотонапонските централи или фотоволтаични централи претставуваат збир на поголем број на фотонапонски модули групирани во низи (редови) со цел производство на електрична енергија која преку соодветни уреди за трансформација се претвора во наизменична електрична енергија со потребна фреквенција и напон и како таква се предава во дистрибутивна мрежа.

За разлика од изолираните фотонапонски системи, кај централите нема потреба од акумулаторски батерии за складирање на произведената електрична енергија, туку истата веднаш се трансформира и предава во дистрибутивната мрежа.

Вообичаено ваквите централи се поставуваат на тло на специјални носечки конструкции, но има изведби и на кровни површина на објекти.

Постојат повеќе видови на изведби кои во основа се разликуваат според оските на пратење на движењето на сонцето и тоа:

  • фиксно поставени панели (не се прати движењето на сонцето)
  • пратење на сонцето по 1 оска (сезонско подесување: пролет, есен, лето и зима)
  • пратење на сонцето по 1 оска (дневно, неделно, месечно, квартално позиционирање на наклонот на панелите во однос на аголот на зрачење на сонцето)
  • пратење на сонцето по 2 оски:
    • – во реално време (т.н. suntracker systems)
    • – според однапред дефинирана и зададена траекторија на движење на сонцето

Секоја од наведените изведби се карактеризира со одредени предности и недостатоци, кои главно се однесуваат на цената на чинење, сложеноста за изведба, количеството на произведена електрична енергија, трошоците за одржување, потребната површина за инсталација на панелите).

Што е потребно?

Желба и можности, останатото е наша обврска!

Нашата услуга опфаќа:

  • Консалтинг,
  • Студии за исплатливост,
  • Дизајн на решение,
  • Проектирање,
  • Подготовка на потребна документација,
  • Набавка и инсталација на опрема произведена во ЕУ
  • Одржување