За компанијата

Од основањето во 2009 година, АРЕСЕ Солушнс нуди: Алтернативни Регенеративни Ефикасни Соларни Енергетски Решенија. Специјализирани сме за дизајн, имплементација и одржување на решенија засновани на користење на обновливите извори на енергија.

Посветуваме големо внимание на истражување и развој преку континуирано едуцирање и усовршување следејќи ги современите текови и трендови во областа на искористување на потенцијалот на обновливите извори на енергија.

Нудиме производи од реномирани светски производители на опрема, со висок квалитет, конкурентни цени во комбинација со врвна и професионална услуга.

Имаме воспоставени партнерски и деловни односи со голем број на реномирани добавувачи на опрема од ЕУ (Австрија, Германија, Италија, Холандија, Франција, Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Шпанија, Полска, Литванија), Турција, САД, Азија (Кина, Јужна Кореа, Тајван).

Воедно соработуваме со голем број домашни компании во реализација на проекти каде се јавуваме како носители на проекти или подизведувачи.

Вршиме анализа на барањата, даваме консултантски услуги, изработуваме предлог решенија и студии за исплатливост, дизајнираме конечни решенија, имплементираме избрани решенија, нудиме услуги за одржување и вршиме корекции и сервисирање на нефункционални решенија од други изведувачи.

Нашиот професионален однос, врвна услуга, висок квалитет, конкурентни цени и севкупна вредност се причина повеќе за лојалноста на нашите клиенти.

Повелете, контактирајте нѐ, со задоволство ке Ве услужиме!

Име на кое можете да му варувате!

РАЗНОВИДНОСТ НА ПРОДУКТИ

Во понуда имаме голем број на разновидни продукти за: производство на електрична енергија од  Сонце, Ветер и Вода; греење на простории и објекти; осветлување на внатрешни и надворешни површини и објекти.

ИСКУСТВО

Големиот број на успешно реализирани проекти ни овозможија да акумулираме огромно искуство и знаење. Благодарејќи на тоа во комбинација со нашата стручност, едуцираност и посветеност можеме да понудиме решенија и за најкомплексни проблеми и барања.

ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Реализацијата на решенијата по принципот “клуч-на-рака” без скриени и дополнителни трошоци на задоволство на нашите клиенти. Транспарентен пристап кон секој клиент, со јасно дефинирани решенија и точно специфицирана опрема се вредности кои се високо ценети од секој наш клиент.

ИНТЕГРИТЕТ

Професионален однос, комплетен пристап, реални согледувања на можности и решенија, високи морални вредности и почитување на различностите се одлики на нашите стручни лица.

Контактирајте нѐ денес и ќе добиете

ПРВА БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА

Соработка и партнерство