Fronius Ohmpilot претставува регулатор на потрошувачка наменет да го користи вишокот на енергија од фотонапонскиот систем со цел да ја загрева водата. Благодарение на континуираната прилагодлива регулација од 0kW до 9kW , вишокот на енергија може да биде високо ефикасно употребен и да биде пренасочен кон потрошувачите во објектот. Fronius Ohmpilot првенствено се користи за интелигентна контрола на грејните елементи за греење на водато во бојлерите и резервоарите, но исто така може да се користи и за инфрацрвени грејни тела како и за регистри. На овој начин со соларната енергија може да се задоволат потребите на едно домаќинство со просечна потрошувачка на топла вода во текот на целата година. Како резултат на ова се постигнуваат големи заштеди на потрошена електрична енергија преку максимално ниво на само потрошувачка како и редуцирање на емисијата на CO2 во атмосферата.

Општи карактеристики
Тип на регулација на моќноста Pulse width modulation
Висина 350,0 mm
Широчина 280,0 mm
Длабочина 110,0 mm
Тежина 3,9 kg
Степен на заштита IP54
Инсталација Ѕидна инсталација
Амбиентална температура 0 – 40 °C
Дозволена влага 0 – 99 %
Сертификати и усогласеност со стандарди CE, EN 61000-6-2, EN 61000-6-3, EN 61000-3-2, EN 61000-3-3, EN 300 328
Влезни карактеристики
Фреквенција (Влезна) 50,0 Hz
Максимална влезна струја (Iac max) 1×16 A (1ph) / 3×16 A (3ph)
Влезен напон 230 V (1ph) / 400 V (3ph)
Излезни карактеристики
Максимална излезнамоќност 3 kW (1ph) / 9 kW (3ph)
Излезна струја AC (Iac nom) 1×13 A(1ph) / 3×13 A (3ph)
Излезен напон 230 V / 400 V
Фреквенција (Излезна) 50,0 Hz