Во услови кога не е можно да се обезбеди приклучок на централна дистрибутивна мрежа едно од можните решенија е поставување на т.н. островски, автономен, изолиран или off-grid фотонапонски систем. Ваквите решенија се базираат на користење на опрема која поддржува складирање на енергијата произведена од фотонапонските панели во акумулаторски батерии.

Што е потребно за да можеме да Ви доставиме конкретна понуда?

  • Локација (општина, град, населено место)
  • Листа на потрошувачи (уреди, апарати)
  • Инсталирана моќност на потрошувачи (W)
  • Дневна потреба или потрошувачка на ел. енергија (kWh)
  • Посакувана автономија на системот (денови)
  • Тип на објект и тип на кровна површина
    (рамен/кос кров,…керамиди/лим/шиндра,…2/4 води,…ориентација: исток/запад,…север/југ,…)

По доставување на потребните информации АРЕСЕ Солушнс ќе подготви и достави предлог решение кое ќе одговара на Вашите потреби согласно доставените информации од Ваша страна.

НИЕ СИСТЕМИТЕ ГИ ДИМЕНЗИОНИРАМЕ СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ, НЕ НУДИМЕ ГОТОВИ КОНФИГУРАЦИИ ЗА ДА ВИЕ ПОТОА МОРАТЕ ДА СЕ ПРИЛАГОДУВАТЕ НА МОЖНОСТИТЕ НА СИСТЕМИТЕ!