Fronius Galvo
Инверторите од серијата Fronius Galvo се со моќности од 1,5 до 3,1kW претставуваат иделен избор за домаќинства со висок степен на сопствена потрошувачка на енергија.
Со вградените релеа за управување со енергијата, може максимално да се зголеми степенот на сопствена потрошувачка. Бројните други предности го чинат Fronius Galvo еден од најнапредните инвертори во својата класа, како што се на пример: вграден модул за складирање на податоци, едноставно поврзување на интернет преку вграден WLAN модул, технологија на картици за идна надградба со нoви функции.
Fronius Primo
Fronius Primo со моќности од 3,0 до 8,2kW совршено ја заокружува новата генерација на инвертери т.н. SnapInverter. Овој модел на еднофазни инвертори без трансформатор е идеален за индивидуалните домаќинства. Благодарение на иновативниот SuperFlex дизајн се постигнува максимална флексибилност во изведбата на системите, додека со монтажниот систем SnapInverter максимално се поедноставува инсталацијата и одржувањето. Сериски вградениот комуникациски пакет со WLAN, управувањето со енергијата, бројните интерфејси и други функционслности (Zero Feed-In, Dynamic Peak Manager,…) го прават Fronius Primo идеален избор на инвертор за секое домаќинство.
Fronius Symo
Fronius Symo, 3-фазни инвертори без трансформатор, со моќности од 3,0 до 20,0 kW, претставуваат решение за систем со различни големини. Благодарение на можностите кои ги пружа SuperFlex дизајнот, Fronius Symo е перфектно решение за кровови со неправилен облик, заоблени или со различни ориентации. Стандардните мрежни приклучоци како што се WLAN или Ethernet како и едноставната интеграција со со компоненти од други произведувачи го чинат Frinius Symo еден од најприлагодливите инвертори на пазарот. Дополнително, вградениот интерфејс за динамичко предавање на енергијата (Dynamic Feed-In) како и јасната визуелна презентација на потрошувачката се дополнителен аргумент за избор на овој модел на инвертор.
Fronius Symo Hybrid
Fronius Symo Hybrid е основата на Fronius Energy Package решенијата за складирање на енергија- 24 часа сонце. Со моќности од 3 до 5kW, 3-фазните инвертори овозможуваат вишокот на енергија од фотонапонските системи да биде привремено складиран во Fronius Solar батериите. Како резултат на тоа се овозможува максимална сопствена потрошувачка на расположивата енергија и максимална енергетска независност. Складираната енергија може да се користи во периоди кога производството е слабо или невозможно. Со дополнителната функција за енергија во итни случаи, домаќинствата може да бидат напојувани и во случаи на прекин на мрежно напојување.
Со вградените web сервер со графички интерфејс, WLAN и Ethernet комуникациски модули може да се постигне перфектна системска конфигурација.
Fronius Eco
Fronius Eco, 3-фазен инвертор, со моќности од 25kW и 27kW, оптимален избор за секаков тип на поголеми и големи системски решенија. Благодарение на малата тежина и монтажниот систем SnapInverter, овој инвертор без трансформатор овозможува едноставна и брза инсталација како во внатрешни простори ,така и во надворешни услови. Со степен на заштита од IP66, оваа серија на на инвертори поставува нови мерила и граници. Освен тоа, со вградените лежишта за осигурачи и можноста за вградување на пренапонска заштита на секој од стринговите, дополнителните заштитни ормари повеќе не се потребни.
Fronius Solar Battery
Fronius Energy Package – решение за складирање” 24 hours of sun” – е составено од Fronius Symo Hybrid инвертор, Fronius Solar Battery и Fronius Smart Meter. Fronius Solar Battery е lithium-iron phosphate батерија- која гарантира долг век на употреба, кратко време на полнење и висок % на празнење. Модуларниот дизајн овозможува капацитетот на складирање на батеријата да биде поставен во опсег од 3,6kWh до 9,6kWh за да се задоволат најспецифичните барања на секој корисник.