Тестирање и проверка на грешки на Фотоволтаични системи

Спроведување на низа на тестови со специјални професионални уреди за проверка/тестирање на:

  • струјни и напонски карактеристики Voc/Isc до 1000V/15A,
  • заземјување,
  • проектирана во однос на реална ефикасност на систем,
  • степен на деградација на панели,
  • отстапки од декларирани перформанси на панели/инвертори/низа/поле,
  • термовизиска детекција на прекумерно загревање на одредени делови од панели/делови од фотоволтаично поле

Инспекција со Инфрацрвена камера и откривање на потенцијални проблеми

Термовизиска инспекција со компактна ИЦ камера.

Зачувување на термалните снимки во внатрешната меморија на ИЦ камерата како и нивно прикажување и споделување на снимките на мобилни уреди (таблети / смарт телефони) преку Bluetooth врска и специјална апликација.

Корисно при одржување на секаков тип на индистриски инсталации.

Широк темпаратурен опсег  (макс. 380°C) за напредни анализи вклучувајќи до 3 мерни точки на секоја слика. Откривање на врели точки, електрични грешки, проверка на механички делови, анализа на хидраулични системи, вентилации и сл.